Бродот „Оранг Медан“ – енигмата на мртвиот екипаж

Во 1947 година, неколку бродови пловејќи низ Малакскиот Проток примиле чуден SOS сигнал:

„Сите офицери, вклучувајќи го и капетанот, се мртви. Веројатно целата посада е мртва.“

Следеше пауза, а потоа последната порака:

„И јас умирам...“


Бродовите кои најблиску се наоѓале, веднаш тргнале во потрага и го нашле холандскиот товарен брод „SS Ourang Medan“ како тивко плови без контрола.


Кога се качиле на палубата, спасувачите затекнале страшна глетка: целата посада била мртва, телата им биле со широко отворени очи и искривени лица како во ужас, а рацете подигнати како да се бранеле од нешто невидливо.


Ниту едно тело немало видливи повреди, немало траги од борба или оружје. Дури и кучето на бродот било мртво, во иста грчевита положба.


Додека истражителите се обидувале да дознаат што се случило, наеднаш се појавил оган од бродските складишта. Тие веднаш ја напуштиле палубата, а кратко потоа „Оранг Медан“ експлодирал и потонал.


До денес, причината за смртта на екипажот останува мистерија – се шпекулира за труење со гас, шверц на опасни хемикалии, па дури и паранормални настани. Но вистинскиот одговор никогаш не бил пронајден.

Comments