Posts

Showing posts from October, 2017

Опсадата на Сиракуза: Кога генијалноста на Архимед ја бранеше античката тврдина

Image
       Опсадата на Сиракуза: Кога генијалноста на Архимед ја бранеше античката тврдина ​ Стратешкиот напад на Рим ​Во 214 година п.н.е., за време на Втората пунска војна, Римската Република ја започнала историската опсада на градот Сиракуза, кој имал клучна стратешка важност на Сицилија. Нападот го водел генералот Марко Клаудиј Марцел , кој водел двоен напад: ​ Поморски напад: Марцел командувал со моќна флота од 60 римски воени бродови. ​ Копнен напад: Друг римски генерал го водел нападот од копно, насочен кон градските ѕидини. ​ Архимед: Човек со инженерски одговор ​Сиракуза ја имала најголемата предност во својот гениј – математичарот и физичар Архимед . Тој конструирал низа одбранбени оружја кои ја претвориле опсадата во двегодишен пекол за римските сили: Подобрени Катапулти: Од внатрешноста на градот, преку ѕидините, биле користени прецизни катапулти кои со голема разорна моќ ја уништувале римската коњаница и пешадија. ​ Архимедовата Канџа (Claw of Archim...

Молитва по завршување на работниот ден

Image
      Ти благодарам, Господи Исусе Христе, Боже мој, што ме удостои да се вратам здрав и неповреден од работа, та од бодро и благодарно срце да ти пеам и да те славам. Ти, божествениот работник, не сметаше дека трудот унижува, туко со твоите пречисти раце трудот го освети. Дај ми да се одморам од работата со која ја исполнив твојата волја. Пресвети Владико, ти си рекол:"Мојот Отец до сега работи и јас работам". Со ова си ни оставил заповед усрдно и послушно да се трудиме во твое име. Ти благодарам уште, премилостив Боже, затоа што ми даде сили трпение и желба за работа; што не позволи да се вгнезди во мене мрзеливоста, незадоволството и негодувањето, но милостиво ме награди со радост од работата и ме исполни со признателност кон тебе за твојата постојана помош. И сега кога ти принесувам благодарствена песна. Ти се молам и во останатото време да ми бидеш крепок помошник.во секое добро и на тебе угодно дело, та и во вечноста да ја добијам наградата, приготвена за сите шт...

МОЛИТВА ПРВА НА СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ

Image
      Јас бедникот пак се сопнав со умот, и по лошата навика пак служејќи му на гревот, пак ме зароби кнезот на темнината и родителот на страсните наслади. И како понижен роб ме принудува да им служам на неговата волја и телесните желби. Што друго да правам, Господе мој  избавителу и заштитнику на оние кој се надеваат на тебе, ако не пак да се вратам кон тебе и да затажам. И да испросам милост за она што сум го направил. Но, се плашам и треперам, да не би некако исповедувајќи се секогаш и ветувајќи дека ќе отстапам од лошотиите, секој час да грешам и неупатувајќи ја мојата молитва кон тебе, мојот Бог, сум ја поттикнал и долготрпеливоста твоја на негодување. А кој ќе го поднесе твојот гнев, Господи?  Но, познавајќи ја големината на твоето милосрдие и широчината на твоето човекољубие, јас пак прибегнувам кон твојата милост и извикувам кон тебе: Прости ми што згрешив, помилуј ме паднатиот; дај ми рака на помош на заглавениот во калта на сластите; не дозволувај ...

МОЛИТВА ПРОТИВ ОСКВЕРНУВАЊЕ

Image
    Кога на некој ќе му се случи да биде искушуван во сон  треба да се помоли кон Бог со следнава молитва:    Боже, биди милостив кон мене грешниот.    По молитвите на светите Отци наши, Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј не. Амин!  Овие молитви треба да се изговараат со умиление и смирено срце, како осуденик.    Слава ти, Боже наш, слава ти.    Цару небесен: Оче наш.    Господи помилуј! (12 пати)    Дојдете да се поклониме. (3 пати)       Пастиру добар, кој си ја положил душата својаза нас, кој ги знаеш мојте скриени дела, единствен благи, врати ме мене, заблудениот со разум, и истргни ме од волкот,  јагне Божјо, и помилуј ме.    Обземен од сонот на наслади се помрачувам во гревовна измама, но дај ми утрона покајание, просветувајќи ги мојте мисловни очи, Христе Боже, просвети ја мојата душа и спаси ме.    Мојот сплетен ум во животните наслади...