Разговор под старото дрво

  Разговор под старото дрво

Убав есенски ден, воздухот мирисаше на суви лисја и печен костен.

Седнав под старото дрво кај патот зад селото — таму секогаш застанувам да одморам кога одам сам.

Од далеку доаѓаше човек со стап во рака, со стар шешир и дебела јакна. Се поздравивме, а тој (како затоа да дојде) веднаш ми рече:

– Ова дрво, синко, го садел Тимче војвода. Кога тргнал во својата последна битка, овде се збогувал со девојката што го чекала.

Молк. Само ветерот низ гранките шушкаше како да потврдува сè што рече.

Се обидов да прашам нешто повеќе, ама човекот само се насмевна и продолжи кон полето.

Некои велат дека во есен, кога сонцето заоѓа зад планината, се слуша шепот под ова дрво – шепот на љубов и заклетва што не умрела со времето.

Не е дека јас сум слушнал, некаков шепот. Ама местото изгледаше, чудно. 

Како навистина да шепоти...


Comments

Popular posts from this blog

Таинствениот свет на соништата

Илинденското востание

​Библијата јасно покажува дека одбивањето на мудроста не е безпоследично

Поп-Ставревата афера 

 Македонија и последиците од Букурешкиот договор

Битката на Беласица и последиците

Рекорден пад на водостојот на Дунав

Споредбата на даночното оптоварување низ историските периоди 

Шпански суверени територии во Северна Африка

Организациски систем кај Богомилите