Беше обично есенско утро во Прилеп — магла над градот, луѓе со чадори, таксисти што се надвикуваа на раскрсниците, и звук на сирена во далечината.
Александар, млад шофер на бело комбе, возеше кон градскиот пазар со свежи производи. Радиото му свиреше:
- Опа нина нина нај нај, нина нај мило моме нина нај нај...
А очите му се лизгаа од патот на мобилниот екран — порака од девојката. Една секунда невнимание. Само една.
Во тој миг, нешто темно му се појави пред шофершајбната — силуета на жена во црно, со лице покриено со бела марама. Тој нагло закочи. Комбето се заврте, удри во еден контејнер, и се запре со звук што одекна по улицата.
Воздишка, мирис на изгорена гума.
Излезе надвор, преплашен. Но на улицата — немаше никого. Ни жената, ни трага од судир со човек. Само магла и луѓе што се приближуваа љубопитно.
— „Шо направи бе, момче?“ — му довика еден постар човек.
Александар само ја тресеше главата:
— „Имаше жена… таму беше! Со бела марама!“
Луѓето се погледнаа меѓусебно. Една жена шепна:
— „Па тука… на ова место пред триесет години една жена загина, токму така облечена. Ја удрило комбе, сабајле, исто ко сега.“
Александар пребледе.
Потоа, додека полицијата го распрашуваше, тој гледаше во огледалото на комбето. Во маглата зад себе, ја виде истата силуета — овојпат не пред него, туку во одразот, како тивко се оддалечува кон пазарот.
Радиото пак почна да свири:
—"Опа нина нина нај нај нинанај мило моме нинанај нај ... Но овојпат зборовите беа нејасни, како да некој шепоти низ фреквенцијата:
— „Гледај го патот… и не заборавај кој стои зад тебе...“
Comments