Биди свежо дрво – чувај љубов, мир и трпение во срцето.

 


      Еден старец седел пред својата куќа и гледал како децата во селото се караат за ситници. Му пријде едно момче и го праша:

– Дедо, зошто луѓето толку лесно се расправаат?


Старецот зема едно суво стапче и едно свежо. Го скрши сувото со едно движење, а свежото никако не можеше да го скрши.


– Види, – рече тој – луѓето кои ја носат горчината и омразата во себе стануваат кршливи како суво дрво. Една навреда, еден збор – и тие се скршени.

А кој има љубов и трпение во себе, тој е како свежо дрво – флексибилен, издржлив, не го крши секоја буричка.


 Поука: Биди свежо дрво – чувај љубов, мир и трпение во срцето. Само така човекот може да биде силен. 

⚔️ Сподели ја оваа објава:
© Mak Grom — Духот на Македонија

Comments