Страницата 25
Секогаш кога ќе отворите учебник или Википедија за потеклото на имињата на нашите градови, ве пречекува истата приказна: „Името е од римско време...“, „Се претпоставува дека доаѓа од латинскиот збор...“, „Непознато потекло...“.
Доста ни е од претпоставки на луѓе кои не го познаваат јазикот на теренот.
Нашите предци не биле туристи кои лепеле етикети на латински. Тие му давале име на местото според неговата функција. Ако сакаме да ја дознаеме вистината, мораме да го користиме клучот на слоговното писмо и да ги разбереме гласовните замени. Во античкото македонско писмо (кое денес го нарекуваат Коине), нема знак за гласот „Б“. Таму каде што пишува „П“, често се чита „Б“. Таму каде што гледате „В“, коренот е во движењето.
Да ја земеме за пример Истибања. Бугарските лингвисти, гледајќи ги римските мапи (Табули), го бараат терминот Stibagno во Ќустендил. Грешка! Не го познаваат јазикот.
Ако се валаш во водата – се чистиш, се исцелуваш. Нашите камени кади ископани во карпи низ Македонија не се никакви „гробници“, како што тврдат некои археолози. Тоа се Валавници за телото и духот. Места каде се собирала „Воо“ (Небесната вода).
Официјалната наука вели дека Валандово значело „убава долина“ (Ваљан дол). Колку романтично, но неточно!
Вистината е многу попрактична. На тоа место во древноста имало огромна Валавница. Процес на вртење, чистење и бојадисување текстил и обработка на материјали.
Погледнете ги околните места:
Имињата на нашите градови не се паднати од небо, ниту се донесени од Рим. Тие се опис на тоа што се работело таму: чистење, валање, лекување.
Ова е само почеток. Оваа логика на замената на П со Б и препознавањето на слоговите за „вода“ и „камен“ ќе нè однесе до најголемото откритие — она што лежи под името на градот под Марковите Кули.
Подгответе се. Во следната објава го дешифрираме Прилеп како „Бри-леб“ и ја откриваме тајната на „Белата Земја“ – Белагонија.
Овој блог користи cookies и услуги од трети страни за подобро корисничко искуство. Со користење на блогот се согласувате со нашата Политика на приватност .
Comments
Post a Comment
коментар: