Зошто долгот е најскапата стока? Во економијата, бројките се ладни и суви. Но, кога ќе ги преведете во секојдневен живот, тие добиваат застрашувачки смисол. Оваа приказна, сместена во едно измислено македонско „село“, е совршен учебник за тоа како лошата власт и корумпираната елита можат да го продадат јавниот интерес во замена за личен џеб, користејќи ги „големите“ меѓународни институции. I. Аферата „Зграда за 100.000 долари“ Нашето село решило да изгради нова зграда за Селскиот Совет, проценета на $100.000 . Градоначалникот, кој имаше мандат да го реши тоа, веднаш ја започнал „работава“ со визија: Почетна транша: Селото дава $50.000, а првата банка одобрува кредит од $50.000. Вкупно: $100.000. „Трговски Договор“ (Корупција): Градоначалникот и директорот на градежната фирма се договараат за „поделба на пленот“ – по $25.000 за секој во џеб. Оправдување на трошокот: Градоначалникот му ја сервира на Селскиот Совет новата цена: „Со оглед на инфлацијата и мате...