Јас бедникот пак се сопнав со умот, и по лошата навика пак служејќи му на гревот, пак ме зароби кнезот на темнината и родителот на страсните наслади. И како понижен роб ме принудува да им служам на неговата волја и телесните желби. Што друго да правам, Господе мој избавителу и заштитнику на оние кој се надеваат на тебе, ако не пак да се вратам кон тебе и да затажам. И да испросам милост за она што сум го направил. Но, се плашам и треперам, да не би некако исповедувајќи се секогаш и ветувајќи дека ќе отстапам од лошотиите, секој час да грешам и неупатувајќи ја мојата молитва кон тебе, мојот Бог, сум ја поттикнал и долготрпеливоста твоја на негодување. А кој ќе го поднесе твојот гнев, Господи? Но, познавајќи ја големината на твоето милосрдие и широчината на твоето човекољубие, јас пак прибегнувам кон твојата милост и извикувам кон тебе: Прости ми што згрешив, помилуј ме паднатиот; дај ми рака на помош на заглавениот во калта на сластите; не дозволувај ...