Skip to main content

Posts

Showing posts from December 31, 2017

Лекција од ОТЕЦ ПАСИЈ... ПОСТОЈАТ ЛУЃЕ "ПЧЕЛИ" И ЛУЃЕ "МУВИ"...

ПОСТОЈАТ ЛУЃЕ "ПЧЕЛИ" И ЛУЃЕ "МУВИ"... Н екој го запрашал Отецот Пасиј.. .  "Оче, вие непрекидно ни кажувате да мислиме позитивно... Би сакале да не посоветувате како да се соочиме со следниот проблем...   Често ни доаѓаат луѓе и ни кажуваат дека свештениците земаат многу пари за нивното свештенослужење, пушат и седат по кафаните, па дури се зборува за тоа дека некои свештеници се вплеткани во неморални работи. Што да им одговориме на луѓето кој ги обвинуваат свештениците"?  Старецот полека почнал со приказната... "Од искуство знам дека луѓето се поделени на две категории, трета категорија не постои. Првите потсетуваат на муви. Главна особина на мувите е тоа што мувите ги привлекува нечистотија. Кога мувата се наоѓа во градина која е исполнета со цветови кој мирисаат прекрасно, таа нема да ги примети. Мувата ќе слета на некоја нечистотија. Ќе почни да кружи околу нечистотијата и ќе се чувствува пријатно во смрдеата. Ако мувата би ...

ПРАВОСЛАВИЕ ВО ЕГИПЕТ

    Според верувањата, оваа православна црква била основана од страна на Свети Марко, апостол и евангелист, кон средината на 1 век. На Четвртиот вселенски собор, претставниците на Коптската црква не ги прифатиле решенијата на собирот, по кое тие биле прогласени за еретици. Коптската црква смета дека Исус имал чиста божествена природа и никогаш не станал човек.  Во текот на 19 век, патријархот Кирил IV започнал преговори за присоединување на коптските христијани кон православните, но бил отруен. Неговите противници влегле во сојуз со Рим во 1898 година. Така, под влијанието на Римокатоличката црква, околу 2% од членовите на црквата го признале приматот на римскиот папа.     Денес Коптската православна црква има 15 000 000 верници. Се состои од околу 400 црковни општини, подредени на 32 епархии, од кои 28 се во Египет, 2 во Судан и по 1 во Кенија и Израел. Богослужбата во неа се води на арапски и коптски. Кога се крштеваат коптите на нивните тела прават ...