Кај народот Хунза (Бурушо), усната традиција и преданијата се пренесувале со генерации покрај огништата, во длабоките и изолирани клисури на Каракорум. Најпознатата и највпечатливата легенда за нивното потекло е токму таа која ја поврзува нивната крв со војниците на Александар Македонски (кого тие традиционално го нарекуваат Сикандар Е Азам ). Легендата за тројцата војници и самовилите од Хималаите Пред повеќе од две илјади години, војската на големиот цар Сикандар напредувала низ суровите планински масиви на Азија. Походите биле долги, исцрпувачки и полни со опасности. Меѓу илјадниците војници во фалангата, се издвојувале тројца врвни војници од гардата на Александар , придружувани од нивните жени. За време на еден суров зимски марш низ непристапните патеки каде што се среќаваат Хималаите и Каракорум, овие тројца војници се нашле отсечени од главнината на војската поради силни снежни лавини и одрони. Изнемоштени, премрзнати и без можност да го стигнат својот цар кој брзал ...