Кралството во главата и гласот на Матицата

 


Кралството во главата и гласот на Матицата

​Си бил еден стар пчелар, познат по својот мир и мед кој лекувал и тело и душа. Еден ден, неговиот внук, немирен и брз на зборови, направил голема грешка во работата и лутито извикал: „Дедо, зошто секогаш ми велиш 'стави си го прстот на чело' пред да направам нешто? Што има толку важно во таа коска?“

​Старецот полека го одложил чадот, го повикал внукот до најсилното семејство пчели и му рекол:

​– „Гледај ги овие илјадници работнички. Кој им кажува кога да летаат, а кога да го греат леглото? Кој го држи редот во овој мрак?“

​– „Матицата, дедо,“ одговорил внукот.

​– „Така е,“ продолжил старецот. „Таа е мала, скриена длабоко во средината, никогаш не излегува на сонце, но без неа кошницата е само куп изгубени муви. Е па, видиш синко, и во човечката глава има една таква 'Матица'. Таа е ситна колку зрно од пченица, скриена токму зад тоа место каде што го ставаме прстот кога мислиме.“

​Внукот го допрел челото со недоверба.

​– „Нашите стари не знаеле како се вика таа жлезда на латински, ама знаеле дека таму е командата. Кога ќе си го ставиш прстот на чело, ти всушност и велиш на твојата 'Матица' да се разбуди. Ако таа спие, мислите ти се како пчели без ред – само зујат, се судираат и на крајот боцкаат таму каде што не треба.“

​Старецот го погалил внукот по главата и додал:

​– „Умниот човек не мисли со целата глава одеднаш, туку ја бара таа точка на мирот. Прстот на чело е знак дека си застанал, дека си се повлекол од бучавата на светот и си влегол во својата внатрешна кошница за да ја прашаш Матицата: 'Дали е ова правилно?'“

​Од тој ден, внукот секогаш кога ќе посегнел по брз збор или непромислено дело, прво ќе го допрел челото. Не за да ја побара коската, туку за да ја слушне тишината на својата внатрешна „Матица“.

📱 Читајте го Mak Grom уште полесно!

Преземете ја нашата официјална Android апликација за брз и директен пристап до сите нови објави.

📥 Преземи ја апликацијата

Comments

ТОП - 10, за последните 30 денови

Суверенитет на поединецот: Кој одлучува за нашето тело, време и труд?

Жалфијата спасува и лекува

Привремена мини месечина 2026 QQ8

Предупредувања на еден од пионерите на вештачката интелигенција 

Седумте столбови на мудроста

Три треви против пчелин бодеж

Сонцето на Југот наместо маглата во Франкфурт

Никита од Драговитија

Каде е границата? Одговорноста кон ѓубрето кога нема корпа во близина

Битката на Беласица и последиците