Skip to main content

Талкачот: Езерската магла (четврт дел)


​Првите зраци на сонцето едвај успеаја да ја пробијат тешката, млечна магла што сè уште лежеше над Охрид, кога Ило и Трајче ги отворија очите. Телата им беа тешки и оловни, а секое мускулче ги болеше како синоќа наместо со магла, да се бореле со карпите на Галичица. Се погледнаа еден со друг во полумракот на помошната просторија, со подотворени усти, обидувајќи се да сфатат каде завршува сонот, а каде почнува јавето.

​– Трајче... – промрмори Ило, протегнувајќи ги нозете на сламата, додека коските му пукаа. – Чувствово ми е како синоќа да ме прегазил тенк, а не како да сум спиел.

​Трајче не одговори веднаш. Тој само ги погледна своите дланки. Немаше траги од изгореници, немаше пепел, но во воздухот околу него сè уште како да висеше бледо преостанато чувство на топлина. Шаловите што им ги даде Талкачот стоеја свиткани на еден празен сандак покрај нив – сега изгледаа како најобични парчиња износена ткаенина. Талкачот, нормално, го немаше никаде. Исчезнал во тишина, оставајќи ги сами да се соочат со новиот ден.

​Сепак, штом излегоа надвор на свежиот, остар воздух, уморот наеднаш се стопи. Го замени некое чудно, трескавично чувство на возбуда и детска радозналост. Чаршијата беше невообичаено тивка, но во воздухот се чувствуваше напнатост.

​Инстинктивно, нозете сами ги однесоа кон локалната меана – истото место каде што синоќа италијанскиот офицер му ја подврна ногата на Ило.

​Внатре беше полупразно. Мирисаше на застоено вино, влага и евтин тутун. На неколку маси седеа ранобудни рибари и неколкумина постари охриѓани со седнати глави, навалени над ниските чаши со ракија. Момчињата седнаа во најтемниот агол, обидувајќи се да не привлекуваат внимание, но со ушите напрегнати до максимум.

​Не мораа да чекаат долго за да слушнат за што се „шушка“.

​– Ви велам јас, не беше тоа обичен оган! – шепотеше еден постар рибар со кожна капа, удирајќи со дланката по масата кон своите соговорници. – Мојот братучед беше на пристаништето пред зори. Вели, Италијанците се уште се со подотворени усти. Сандаците пламнале од чиста мира, среде езерска магла, како некој да фрлил молња од небото! Ниту бензин мирисало, ниту ништо. Сè што имале внатре, отишло во пепел за неколку секунди.

​– Абе, остави тоа – се уфрли друг, помлад маж, вртејќи се уплашено кон вратата за да не влезе некоја патрола. – Се зборува дека Бугарите горе во полициската станица уште од сабајле се кренати на нозе. Некој им шепнал дека ноќеска нешто големо се сокрило во маглата. Некои велат дека „Тој“ се вратил... Талкачот. Наум бакалот синоќа во меаната убаво рече дека оваа земја памети сè. Еве, пак почнаа чуда да се случуваат.

​Ило под масата силно го стисна Трајче за коленото, со очи полни со див триумф. Трајче, пак, само голакна тешко, сфаќајќи дека нивната тајна веќе почнала да живее како легенда низ охридските сокаци. Окупаторот беше збунет и исплашен, а тоа беше токму она што му требаше на градот.

Луѓето на околните маси продолжуваа полугласно да пијат и да зборуваат, занесени во утринските озборувања, кога на вратата се појави мајсторот. Неговата висока фигура накратко ја затвори светлината што влегуваше од сокакот. Тој фрли еден брз, остар поглед низ полупразната меана, па со тежок, но сигурен чекор се упати директно кон аголот каде што седеа момчињата.

​Смирено седна на дрвениот стол покрај масата на неговите чираци. Лицето на мајстор Наум беше збрчкано и сериозно како и секогаш, но во очите му тлееше некоја чудна, досега невидена искра. Го викна меанџијата:

– Донеси три тури вино црвено, денес нешто сум расположен.

​Меанџијата, малку зачуден што стариот бакал порачува вино толку рано наутро, само кимна со главата и брзо се сврте кон балконот.

​Ило и Трајче се навалија напред над масата, речиси допирајќи се со главите со мајсторот, во исчекување на неговите зборови. Чекаа да слушнат дали патролите веќе доаѓале во дуќанот или дали некој се сомнева во нив.

​Мајстор Наум почека меанџијата да ги донесе трите земјени бокали полни со темно, густо црвено вино. Штом останаа сами, стариот ја зеде својата чаша, ја подигна малку нагоре,со наздравувачка и со тивок, длабок глас промрмори:

​– За маглата... која знае кога да падне и кого да сокрие.

​Момчињата инстинктивно ги чукнаа своите чаши. Првата голтка од силното вино им ги загреа уморните грла, враќајќи им ја преостанатата сила во телата.

​– Мајсторе – шепна Ило, не издржувајќи ја повеќе тишината. – Горе во чаршијата... за Бугарите се зборува. Го однесоа сандакот. Што правиме сега?

​Наум испи уште еден бавен голтка, па го спушти бокалот на дрвената маса со тап звук. Погледна прво во Ило, па во Трајче, чии раце сè уште ја чуваа топлината од синоќешната стихија.

​– Бугарите го однесоа нивниот дел во главната станица, кај Самуиловата тврдина – тивко рече Наум, навалувајќи се уште поблиску до нив. – Офицерот планира утре напладне да ги испрати списоците со специјален камион за Скопје. Но, градот веќе врие од шушкања. Окупаторот е уплашен затоа што знае дека огнот на пристаништето не беше случаен. Талкачот синоќа ми остави порака пред да замине.

​Трајче го погледна мајсторот со подотворена уста.

– Каква порака, мајсторе?

​– Камионот никогаш не смее да стигне до Скопје – одговори Наум, а очите му се стеснија. – Утре наутро, кога ќе тргне низ планинските превои на Плетвар, маглата повторно ќе падне. А каде што има магла... таму Талкачот ги чека своите војници. Овој пат, нема само да палиме хартија, дечиња. Овој пат ќе мора да го пресечеме коренот на предавството.

Ги испијаа чашите со густото црвено вино, па мајстор Наум фрли неколку монети на дрвената маса. Се исправија и сите тројца се упатија кон излезот. Но, токму кога мајсторот ја подаде раката кон кваката, вратата наеднаш и силно се отвори од другата страна, па за малку ќе го удрише по градите.

​Низ прагот, со брз и тежок чекор, поминаа двајца италијански војници, а веднаш зад нив влезе и самиот офицер — оној со карактеристичното црно перје на капата. Окупаторите беа намуртени, со очи вперени некаде пред себе. Офицерот не ги ни погледна овие тројца кои му се најдоа на патот; за него, стариов бакал и двајцата чираци беа само дел од охридскиот пејзаж. Едните влегуваа, вторите излегуваа, во совршено разминување кое наизглед наликуваше на најобично, мирно секојдневие.

​Штом излегоа на сокакот и вратата на меаната се затвори зад нив, Ило ги стесна очите, се сврте наназад и промрмори со подбивање во гласот:

– Види ги... Како во глава да се мавнати со воден чорап...

​– Молчи таму и гледај си го патот – го поткара Наум со низок глас, иако под мустаќот му се појави лесна насмевка. – Сè уште им чади пред очи она што ноќеска го видоа.

​Се упатија по калдрмата назад кон бакалницата. Но, Охрид наутро никогаш не те остава да поминеш незабележан. На половина пат, кај едно стеснување на сокакот, пред нив излезе локалниот терзија. Човекот уште од далеку мавташе со рацете, со ококорени очи, едвај чекајќи да најде соговорници за да го „врзе“ утринскиот муабет.

​– Ехеј, мајстор Науме! Момчиња! Застанете, разбравте ли што бидна ноќеска? – се затрча терзијата, па застана точно пред нив, дишејќи возбудено. Почна да раскажува со таков занос, како тој лично да бил таму на пристаништето, на првата линија. – Ви велам, со свои очи да видев, немаше да верувам! Оган од водата излезе, луѓе! Италијанците врескаа како жени, патролите трчаа наоколу како без глави! Јас бев таму при крајот, одзади магацинот гледав... Еден црн маж, висок три метри, со очи што му светеа како гасни ламби, само со раката помина и сè стана пепел! Бугарите едвај жива глава спасија, со еден сандак избегаа нагоре кон тврдината...

​Терзијата зборуваше брзо, се потеше од возбуда и мавташе со кројачкиот метар што му висеше околу вратот. Беше убеден дека знае сè, дека ја има најголемата вистина во градот, додека тројцата соговорници пред него го слушаа со кренати веѓи, глумејќи дека немаат никаков поим што навистина се случило синоќа во езерската магла.

​Ило едвај се воздржуваше да не пукне од смеење, гризејќи ја долната усна, додека Трајче само срамежливо ги пикна рацете во џебовите, чувствувајќи како сопствените дланки сè уште тајно му пулсираат од синоќешната стихија.

​Мајстор Наум само тешко воздивна, го погледна терзијата со сериозно лице и рече:

– Бре, бре... Страшни работи, мајстор Андоне. Светот навистина отиде по ѓаволите. Ајде, со здравје, ние мора да отвораме дуќанот, гравот нема сам да се измери.

​Ја поминаа збунетата фигура на терзијата и продолжија по сокакот кон бакалницата. Пред нив, маглата полека се креваше, но планот за Плетвар веќе беше запечатен во нивните глави.

Штом тешката дрвена врата од бакалницата се затвори зад нив и мандалото легна на своето место со тап, сигурен звук, во дуќанот повторно завладеа познатиот мирис на суво грозје, чаеви и грав. Но, синоќешната возбуда сè уште висеше во воздухот.

​Ило не издржа ниту секунда. Се сврте кон стариот бакал, ги потпре рацете на тезгата и со нетрпелив, тивок глас праша:

​– Како и каде треба да одиме, мајсторе? Патот до Плетвар не е блиску, а таму бугарските патроли ги знаат сите планински превои.

​Мајстор Наум не одговори веднаш. Бавно отиде зад тезгата, ја тргна настрана големата вага, па од еден скриен кожнен повез извади стара, рачно цртана мапа на регионот. Ја рашири преку дрвената маса, покажувајќи со својот збрчкан прст кон патиштата што водеа на исток, преку рамнината на Пелагонија, па сè до високите, сурови карпи каде што патот се стеснуваше.

​– Нема да одиме по главниот друм како трговци, Ило – започна Наум, со глас кој звучеше како на искусен стратег. – Главниот пат е полн со блокади. Прво ќе мора да се префрлиме кон Прилеп и рамнината, каде што притисокот е поинаков. Од таму, патот нè води право нагоре, кон планинскиот превој Плетвар. Таму карпите се високи, а сокаците се тесни. Тоа е совршено место каде што тежок воен камион станува лесна мета.

​Трајче, кој дотогаш мирно ги средуваше вреќите во аголот, се приближи до мапата, со очи вперени во планинските контури.

​– Ама мајсторе, како ќе стигнеме до таму пред камионот? Тие имаат мотори, имаат војска. Ние сме пешки.

​– Ние ја имаме маглата, Трајче, а Талкачот ги знае патеките кои не се запишани на ниту една воена мапа – одговори Наум, погледнувајќи ги двајцата чираци право во очи. – Но, нема да одиме сами. Во Прилеп ќе се поврземе со неколкумина сигурни луѓе. А ако ни затреба вистинско засолниште и чист простор за маневрирање, ќе се повлечеме кон Мариово — тоа е суров и див крај, каде што туѓа чизма тешко гази и каде што карпите кријат тајни постари од самата војна.

​Ило почувствува како срцето повторно му зачука посилно. Ова веќе не беше само локална завера на охридското пристаниште. Пред нив се отвораше широк, опасен пат низ срцето на Македонија.

​– Кога тргнуваме? – праша Ило, со раката инстинктивно допирајќи го шалот во џебот.

​– Вечерва, штом сонцето ќе зајде зад Канео и првиот мрак ќе ја донесе езерската свежина – кратко пресече мајстор Наум, па бавно ја свитка старата мапа. – Подгответе ги торбите. Земете само леб, малку сол и чист ум. Другото е во рацете на Талкачот.




Comments

Прочитај повеќе

Скриениот код на Балканот (де-романизација на Балканот)

  Зошто ДНК тестовите ве лажат за Александар Велики? ​ Сигурно барем еднаш, додека сте скролале низ социјалните мрежи, ви излегла реклама за некоја од оние модерни компании за ДНК тестирање. Ветувањето е примамливо: „Испратете ни примерок од вашата плунка, платете 100 евра и дознајте дали во вашите вени тече крвта на Александар Велики или Филип Втори!“ ​Звучи фантастично, нели? Готови сте да ги извадите парите, убедени дека науката конечно ја решила најголемата балканска мистерија. ​Но, пред да го направите тоа, имам една лоша и една фасцинантна вест за вас. Лошата вест е дека тие реклами безобразно ве лажат. Фасцинантната вест е дека вистинската наука всушност откри нешто многу поинтересно во кралските гробници. ​Ајде да ги тргнеме митовите настрана и да погледнеме што навистина вели генетиката до денес, во 2026 година. ​Проблемот со „пепелта“ на Филип Втори ​Кога археолозите го открија спектакуларниот кралски комплекс во Вергина (древната Ајга), светот занеме. Златни ларнак...

Никита од Драговитија

Никита (во латинските извори запишан како Papa Nicetas или Niquinta ) бил влијателен богомилски епископ (водач) од Константинопол , кој живеел во 12 век. ​Тој е една од клучните историски фигури кои ја докажуваат директната врска и силното влијание на балканското богомилство врз средновековните дуалистички движења во Западна Европа, поточно врз Катарите (познати и како Албигојци) во Франција и Италија. ​Мисијата во Италија и Франција (1160-тите години) ​Во тој период, катарското движење во Ломбардија (Италија) и Лангдок (јужна Франција) веќе било во голем подем, но локалните заедници имале внатрешни сомнежи и поделби околу нивното духовно наследство и линија на ракополагање ( ordo ). ​За да го реши ова, Никита отпатувал на Запад. Тој имал огромен авторитет бидејќи доаѓал директно од Истокот, кој за Катарите бил изворот на „чистата и вистинска христијанска вера“. ​ Носител на „радикалниот дуализам“ ​Пред доаѓањето на Никита, повеќето западни Катари практикувале умерен дуализам ...

Опсадата на Антиохија (1097–1098)

Опсадата на Антиохија била еден од најтешките и најсуровите моменти во Првата крстоносна војна. Таа се одвивала во две фази: ​ Крстоносците го опседнуваат градот: Од октомври 1097 до јуни 1098 година, крстоносците гладувале и страдале пред ѕидините на Антиохија. Градот конечно паднал во нивни раце благодарение на предавство одвнатре (ерменски стражар по име Фируз му отворил капија на Боемунд од Таранто). ​ Крстоносците стануваат опседнати: Само неколку дена по влегувањето во градот, пристигнала огромна муслиманска војска предводена од Кербога , атабегот на Мосул. Сега крстоносците биле тие кои биле заробени и опколени внатре во градот, без храна и со многу низок морал. ​Битката и „Чудото“ со Светото Копје ​Пресвртот се случил поради психолошки и религиозен поттик. Еден сиромашен монах, Петар Вартоломеј, тврдел дека имал визија во која Свети Андреј му открил каде е закопано Светото Копје (копјето со кое бил прободен Исус на крстот). ​По кратко копање во катедралата во Антиохиј...

​Како „Првиот ден“ стана „Последен ден“

  Константин Велики (Константин I), кој во 321 година од нашата ера го донел историскиот декрет со кој неделата ја прогласил за официјален ден за одмор во Римската Империја. ​Иако денес ова го гледаме како чисто христијански чин, вистината зад неговата одлука е фасцинантна мешавина од политичка прагматичност, верски синкретизам (мешање) и брилијантна стратегија за обединување на империјата. ​Еве како се случило тоа, што го поттикнало и какви биле реакциите. ​ Зошто токму недела и зошто тогаш? ​Константин бил врховен владетел на империја која била длабоко поделена. Христијанството брзо растело, но паганството сè уште било доминантна сила, особено меѓу војската и елитата. Константин морал да најде начин да ги задоволи двете страни без да предизвика граѓанска војна. ​ Кодот на „Непобедливото Сонце“ (Sol Invictus): Во декретот од 321 година, Константин всушност не ја нарекува неделата „ден Господов“, туку „Вредниот ден на Сонцето“ ( dies Solis ). Паганите во империјата го обож...

Моќта на навиките

Како мали промени го менуваат животот Моќта на секојдневните рутини Сите ние имаме навики. Некои се добри, некои се лоши, а повеќето од нив извршуваме автоматски, без никаква свесна мисла. Сепак, токму овие мали, повторливи дејства го обликуваат нашиот живот повеќе од сè друго. Дали некогаш сте се запрашале зошто некои луѓе постојано напредуваат, додека други остануваат заглавени на исто место? Одговорот често не лежи во големите, драматични одлуки, туку во ситните навики што ги практикуваат секој ден. Моќта на навиките е една од најпотценетите сили во човечкиот живот, а разбирањето како функционираат може да биде клучот кон трансформација која трае цел живот. Навиките се како невидливи нишки што го ткаат нашето секојдневие. Тие се основата врз која се гради секој успех, но и секој неуспех. Кога стануваме наутро и првото нешто што го правиме е да го провериме телефонот, тоа е навика. Кога одлучуваме да одиме на прошетка наместо да гледаме телевизија, тоа е исто така навика. Разликата п...