Основачот на Македонија КАРАН


           Каран (808 - 778 п.н.е) според одредени извори (Дексип и Евзебиј) — првиот крал на Македонија. Според Херодот, основач на македонската монархија бил кралот Пердика I како обединител на македонските племиња. Каран е основач на династијата Аргеади и е предок, чукун-дедо на Александар Македонски.

          Каран потекнува од семејството на Теменидите од Арг. За него постојат повеќе преданија. Го основал своето кралство Ајга (денес Кутлеш). Се вели, за него немало место да владее во пелопонескиот Арг, каде тогаш власта ја држел неговиот брат Фејдон и Каран на молба од кнезот на Орестида, денес Костурско, оди да му помогне во борбите против соседот, кнезот на Еордеја, Островско, Кисеј. Го разбил Кисеја и во освоената територија основал свој град.

          Според Хигин, Кисеј бил тој што го поканил Каран да му помогне против соседите, ветувајќи му ја својата ќерка и своето кнежество. Но навреме предупреден од еден Кисеев роб за стапицата која му ја подготвувал, Каран го убива овој кнез. По победата над Кисеј, Каран издигнал трофеј, но еден лав се спуштил од Олимп и го соборил столбот. Оттогаш македонските кралеви не издигнуваат трофеи по победите.

          Според второто предание, Аполон му претскажал на Каран дека една коза ќе му го посочи местото каде да го основа градот од каде ќе владее. Тој дошол во Македонија и откако претскажувањето се остварило, градот што го основал го нарекол според козата Ајга.

       Според Јустин, Каран откога собрал војска и дошол во Македонија, врвејќи зад едно стадо кози, со помош на дождот и маглата успеал незабележано да влезе во еден град. Изгледа откако го завземал градот, тој се сетил на претскажувањето и тука го поставил својот престол. Градот го нарекол Ајга. Одтогаш во сите војнички походи, пред единиците, настапувале кози, а Каран откако ги изгонил непријателските кнезови, ги обединил племињата и го основал македонското кралство.



⚔️ Сподели ја оваа објава:
© Mak Grom — Духот на Македонија

Comments

Popular posts from this blog

Таинствениот свет на соништата

Илинденското востание

​Библијата јасно покажува дека одбивањето на мудроста не е безпоследично

Поп-Ставревата афера 

 Македонија и последиците од Букурешкиот договор

Битката на Беласица и последиците

Рекорден пад на водостојот на Дунав

Споредбата на даночното оптоварување низ историските периоди 

Шпански суверени територии во Северна Африка

Организациски систем кај Богомилите